×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кога Куманово ќе добие Зоолошка градина?

    25.05.2012 09:58 | KumanovoNews

     Четвртооделенци од ОУ “Магдалена Антова“ од населба Карпош сакаат во градот да има Золошка градина. Тие денеска при посетата на Општината Куманово побараа одговор на ова прашање од првите луѓе на градот.

    Кога Куманово ќе добие Зоолошка градина?

    Кога и Куманово ќе добие Золошка градина како што има во Скопје и како што се гради во Битола. Ако се изгради овде Золошка градина, нема да одиме во Скопје да ги гледаме животните- праша едно од дечињата.

     Учениците се интересираа и кога во нивното училиште ќе се постави парно греење, дали во нивната населба ќе се гради детска градинка и кога ќе биде готов Градскиот базен. Тие поставуваа прашања и за работата на општината, градоначалникот и советниците.

    Секретарот на Општината Валентина Алексовска и советникот на градоначалникот Мартин Костовски одговараа на прашањата на дечињата.

    Се прават напори да се направи Зоолошката градина во село Пелинце. Градинки се градат секаде кај што има простор. Си постои Сектор за урбанизам. Тоа се решава врз основа на планови, се одредува какви содржини ќе има на тоа место. Затворениот базен ќе биде готов најдоцна до октомври- рече Алексовска.

    Во четвртто одделение учениците по предметот општество учат за месните заедници, локалната самоуправа, советот на општината и затоа се закажуваат вакви средби.

    - Ја договоривме средбата на наша иницијатива. Бидејќи се работи за 80 деца од четвртто одделение и тоа е многу, доведовме 24 деца од три класа, јас и учителките Анета Димитриевска и Светлана Додевска. Децата имаат право на прашање. Сме доаѓале и порано, но по повод Детска недела во октомври - вели Елизабета Ковачевска, одделенски наставник.

    Децата дадоа и конструктивни идеи на возрасните, па сметаат дека треба да има јавни тоалети во градот, а плакатите да не се лепат на дрвја како досега, туку на соодветно избрано место. Учениците имаат предлог општината да организира Отворен ден за граѓаните. Алексовска им вети дека ќе организираат ученици да присуствуваат на седница на Советот на Општината.

    Четвртооделнците ја разгледаа општинската зграда и Кабинетот на градоначалникот.