Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се испразни местото секретар на општината Куманово, по заминувањето на Оливер Спасовски на функцијата пратеник во македонското Собрание.
Градоначалникот Зоран Дамјановски во најскоро време треба да избере кој ќе раководи со општинската администрација и со тоа да стави крај на шпекулациите за новото решение.
Секретарот на Општината го избира градоначалникот од постоечката структура на раководни места по Законот за државна администрација. За тоа место уште немаме донесено одлука. Тоа е мое инокосно, легитимно право, но јас тоа ќе го направам во консултација со моите соработници од локалната самоуправа, со тимот и кабинетот. Од можниот состав ќе го избереме најдобро решение кое треба да го замени пратеникот Спасовски, кој досега одлично ја вршеше таа функција- изјави Дамјановски.
Како сигурна заменичка на Спасовски се спомнува ревизорката Валентина Алексовска, а познавачите на приликите велат дека на новата функција одлично би се снашла и Ирена Илиевска, раководител на секторот за финасии.