×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Коле Ангеловски лауреат на „Деновите на комедија“ во Куманово

    14.09.2023 18:32 | KumanovoNews

    Актерот Коле Ангеловски (80) ја доби наградата „Васил Иљоски“ за особен придонес во театарска уметност, посебно во делот на комедиографијата, и стана лауреат на годинешниот 26. Меѓународен театарски фестивал „Деновите на комедија“ во Куманово.

    Коле Ангеловски лауреат на „Деновите на комедија“ во Куманово

    Одлуката ја донесе Советот на фестивалот во состав: Благоја Чоревски, Ивица Димитријевиќ, Александра Пешевска, Цоки Ристовски и Јакуп Јакупи.

    „Нема театар во Македонија, каде нема работено и нема актер кој барем еднаш немал шанса да работи со Коле. Тој е една жива легенда, редок бисер кој треба да го чуваме и негуваме додека го имаме, и да извлечеме се најубаво и најдобро што можеме од него“, кажа актерот Ивица Димитријевиќ на денешната прес конференција во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

     Ангеловски на шега рече дека кај нас има еден чуден феномен кога ќе добиеш награда веќе да не те сакаат, но тој се надева дека тоа нема да се потврди во овој случај.

    „Јас скоро цел живот работам комедија. А на овој фестивал веројатно имам повеќе претстави отколку што фестивалот има години. Имав по најмалку две претстави годишно, а една година учествував со четири претстави. Сакам кога луѓето се задоволни, кога се смеат, кога се среќни. Дури и кога времињата не беа многу среќни, а салата беше полна, публиката седеше на скалите во салата и реагираше на секој актерски штос што ми прави големо задоволство. Скоро со сите театри од Македонија сум гостувал на ова сцена“, истакна Ангеловски.

    Коле Ангеловски снимил околу 60 филма, од кои во 40-тина играл главна улога, неколку филма режирал, играл во 130 претстави и превел 60-тина текстови кои се поставени на сцените на театрите во Македонија. Досега напишал 2 книги и работи на третата.

    Наградата „Васил Иљовски“ на „Денови на комедијата“ се воведе од 2018 година и досега признанија добиле: Љубица Гојковиќ, Ѓорѓи Андов, Илија Струмениковски, Шенка Колозова и Благоја Чоревски.

    Од минатата година фестивалот доби и натпреварувачки карактер. Годинава фесивалот ќе се одржи од 27 септември до 15 октомври и ќе се одиграат 11 претстави од регионот.