“Коледари“ организираат крводарителска акција
25.09.2014 07:51
| KumanovoNews
Здружението на граѓани “Коледари“ на 30 септември организира крводарителска акција.

Членовите на здружението од 12 до 16 часот ќе даруваат крв во ресторанот „Визиана“ во Клечовце. Се работи за традиционална акција и се очекува да бидат собрани 30 единици крв.