×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Коледарите ги започнаа подготовките за Бадник, набраа дабови гранчиња во Колитско

    25.12.2023 16:44 | Сузана Николиќ

    Здружението на граѓани „Коледари“ од Куманово ги започнаа подготовките за прославата на Бадник.

    Коледарите ги започнаа подготовките за Бадник, набраа дабови гранчиња во Колитско

    Вчера во атарот на селото Колитско ги набраа дабовите гранчиња, кои ќе бидат поделени на граѓаните на 6 јануари. Прославата се организира по 24-ти пат, а секоја година има се поголем одѕив.

    „Особено радува што се повеќе млади луѓе се вклучуваат во прославата и ја почитуваат нашата традиција. Тоа беше и нашата цел кога ја почнавме оваа менифестација, да ги сочуваме од заборав нашите традиционални обичаи со кои го прославуваме Христовото раѓање - Божиќ. Собирањето на дабовите гранчињата има посебна симболика, бидејќи посетуваме разни села и ја осознаваме и нивната традиција, притоа се дружиме. Ги повикувам граѓаните масовно да дојдат на градскиот плоштад, заедно да се радуваме на големиот празник и да си посакаме успешна нова година“, изјави Мирослав Доневски, претседател на здружението.

    Ова година кумови на Бадник се Зоран Божиновски Данур и Мишко Николовски Библиотека.

    Прославата на 6 јануари започнува со собирање на членовите во Касапскиот круг во 10 часот, па се оди во Црквата „Свети Никола“ на литургија и осветување на гранчињата. Потоа се доаѓа на платото пред Центарот за култура, каде ќе се дели погачата со златник и бадниковите гранчиња, по што ќе има пригодна програма и народна веселба.
     
    Специјални гости на прославата ќе биде галичката музика - Маевци од Дебар. 

    Здружението „Коледари Куманово“ брои над 2.500 члена, кои се активни преку целата година со учество на крводарителски акции, ликовни колонии и други хуманитарни манифестации. Сите активности ги финансираат од сопствени средства.