Комби прегази девојче во Слупчане
13.03.2014 11:33
| KumanovoNews
Кумановец со комбе вчера прегазил шестгодишно девојче во село Слупчане.

Несреќата се случила околу 15 часот, кога Д.Ф.(21) со “форд транзит“ удрил во Е.Ш. Од задобиените повреди девојчето починало на самото место.
Соседи на семејството, потресени од трагедијата, кажуваат дека девојчето се вратило од забавиште и излегло да се игра на улица. Таму пристигнало возилото кое разнесувало прехрамбени производи за селската продавница, и во моментот кога возачот тргнал во рикверц, удрил во детето и го прегазил.
Полицијата работи на расчистување на случајот.