Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Три комисии формирани од локалната самоуправа ќе ги проценуваат штетите од невремето што пред неколку дена го зафати кумановско. Според информациите од Општината, комисиите од утре ќе излезат на терен да ја утврдат фактичката состојба по пријавите на граѓаните.
Досега има пристигнато околу педесетина пријави, од нив се дел и од цели месни задници. Членовите на комисиите утре ќе го одржат првиот работен состанок,каде што ќе се утврди динамиката на работа на терен - вели Зоран Павловски, раководител на Секторот за даноци.
Од општината апелираат до граѓаните кои сеуште не ги пријавиле претрпените штети тоа да го направат во наскоро време за навремено ги посети комисијата. Извештајот од комисијата ќе биде презентиран на Советот на општината, кој треба да одобри сретства за оштета на граѓаните.