Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бендот „Д Солушн“ вечерва ќе се одржи концерт на платото на Центарот за култура со почеток во 20.30 часот. Групата ќе изведе популарни и добро познати поп-рок хитови од светската, регионалната и домашната музичка сцена.
Петчлениот бенд е добро познат на помладата публика преку бројните настапи во кафулињара и клубовите во Куманово.
„Настапуваат пред локалната публика, но и во други градови во државата. Важат за одлична и ценета група која гарантира добра забава, па очекуваме така да биде и вечерва. Повеќето од нив се и членови на Младинскиот оркестар на Центарот за култура, кои занаетот го печеа и талентот го усовршуваа во нашата институција“, истакна Александар Митрички, музички соработник.
„Д Солушн“ е формиран во 2022 година, а во него членуваат Филип Стојковски, гитара, Ивана Стојановска, вокал, Филип Гелевски, вокал, Иван Михајловски, ударачки инструмнети, Никола Стојковски, бас гитара.