Концерт на Дуо Кировски
27.10.2014 10:19
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот ќе се одржи концерт на Дуо Кировски.
Пред публиката ќе настапат Љубиша Кировски на виолина и виола и Маја Шутевска - Кировска на пијано. На програмата се дела од Прокофјев, Илиевска - Бете, Божиновски и Кориглиано.