Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура Трајко Прокопиев - Куманово утре вечер концерт ќе одржи дуото ПАН од Скопје, во состав Билјана Петровска - магистриран пијанист и Петар Колевски - магистриран кларинетист.
Дуото има разновиден музички репертоар и специфичен сценски настап. Веќе неколку години работи на свое усовршување како концертно дуо при што има настапувано во Скопје,Куманово, Велес, Струмица, Тетово, Битола, Скадар и Драч Албанија. Специфицноста на ова дуо е што популарните композиции од својата концертна програма ги прилагодува и за своите настапи на приеми, коктели, презентации организирани од разни институции и компании.
Репертотарот на дуо Пан освен класични композици содржи и поп, џез, латино, босса нова стандарди.
Дуо Пан досега има снимено два промотивни цд-рома со поп и џез стандарди, а снимено е и цд-ром со популарни класични композиции.
Концертот е со почток во 20 часот во малата сала.