Концерт на дуото Рибарски
27.06.2011 09:02
| KumanovoNews
Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев„, концерт на класична музика ќе одржи Кирил Рибарски на тромбон и Милица Шперовиќ Рибарски на пијано.

Гост на концертот ќе биде Емил Рибарски. Концертот е закажан вечерва во 20 часот. Концертот на дуото Рибарски е дел од манифестацијата кумановско културно лето, во организација на локалната самоуправа.