Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, концерт ќе одржи пијанистката Анастасија Грговска.
На програмата се дела од композиторите Бах, Лист и Шопен. Младата Грговска досега повеќе пати настапувала пред кумановската публика. Родена е во март 1995 година во Куманово, а љубовта кон музиката ја наследила од татко и. Добитник е на бројни државни и меѓународни признанија. Посетувала семинари кај еминентни професори во земјава и странство.