×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Концерт на Триото „Џентлмен“ пред Центарот за култура во Куманово

    17.08.2022 08:28 | Сузана Николиќ

    Триото „Џентлмен“ вечерва во 21 часот ќе одржи концерт на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во  Куманово.

    Концерт на Триото „Џентлмен“ пред Центарот за култура во Куманово

    Триото „Џентлмен“ е составено од тројца професионални оперски пеачи: Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор. 

    По урнекот на светските поп-класични состави се трудат тој жанр на пеење за прв пат да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар освен класичните композиции се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и секако македонското творештво.За ова кратко време колку постојат (околу три години) имаат настапувано низ целата земја со свои целовечерни концерти како и дел од големи манифестации во нашата држава, а и
    надвор од неа.

    Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново нешто не видено на нашите простори. Различни ги прави тоа што прават спој на операта, оперското пеење со различни жанрови како поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук, тризвук итрепетиран од тројца оперски пеачи.