Концерт на ученици од школа за пијано
02.06.2015 10:03
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе одржат концерт ученици од школа за пијано.
Пред кумановската публика ќе се претстават учениците на професорката Марија Тодоровска. Учениците од оваа школа и претходно настапуваа во Куманово. Концертот ќе се одржи во малата сала.