×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Концерт „Со звуците на обоата“ во Куманово

    03.12.2019 09:58 | KumanovoNews

    Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва во 19 часот ќе се одржи концерт „Со звуците на обоата“, во изведба на Гордана Јосифова Неделковска (обоа) и Елена Атанасовска Ивановска (пијано).

    Концерт „Со звуците на обоата“ во Куманово

    Гордана Јосифова-Неделковска дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. Киро Давидовски, а се усовршува на академијата „Моцарт“ во Варшава, Полска и BANFF центарот за музика и звук во Канада, како нивен стипендист. Добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари.

    Елена Атанасовска-Ивановска е една од најуспешните и најафирмираните пијанисти во земјава, која активно учествува во музичкиот живот во земјава, но и надвор од неа. Основното и средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во класата на проф. Лепа Мрмевска. Дипломира со највисока оцена CUM LAUDE на Факултетот за музичк­а уметност во Скопје во класата на еминентниот проф. Борис Романов. Во 2005 година завршува постдипломски студии во класата на истиот професор.

    Во текот на музичкото образование и творењето и двете уметнички се здобиваат со голем број на признанија и во нашата држава но и надвор од нејзините граници.

    Влезот е слободен.