×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Концерт во чест на композиторот Трајко Прокопиев

    06.11.2019 07:34 | KumanovoNews

    Во малата сала на Центарот за култура во Куманово, вечерва во 20 часот,  ќе се одржи концерт со дела на композиторот Трајко Прокопиев, по повод 5 века постоење на Куманово, како и одбележување на 110 години од раѓањето и 30 години од смртта на великанот на современата македонска музика.

    Концерт во чест на композиторот Трајко Прокопиев

    На концертот ќе настапат: хорот на наставници „Рацин“ при ООУ „Кочо Рацин“ во Куманово, ХМД „Кочо Рацин“ Скопје како и хорот на „Св. Злата Мегленска“ од Скопје.

    Прокопиев, со петдецениското творештво преку компонирањето на вредни дела како што се: хорските композиции „Ленка“, „Кумановка од 1-4”, „Илинденка“, „Очи“, „Свадбарска“, „Туѓина“, „Роса“, „Ракатка 2“ и др. Балетот „Лабин и Дојрана“, антологиските опери „Разделба“ и „Кузман Капидан“, филмските музички дела за „Чорбаџи Теодос“, „Бегалка“, „Илинден 1903“, „Комитска легенда“ и многу други камерни композиции, сите  базирани на теми и ритмички структури на богатото македонско фолклорно наследство, остава траен белег во музичката сцена на нашите простори.

    Тој е роден на 06.11.1909 во Куманово, дипломира на Музичката школа во Белград 1934, станува прв директор на Средното музичко училиште во Скопје 1944 година за да продолжи со школувањето на Прашкиот конзерваториум 1946-47.

    Во текот на својот живот е добитник на повеќе награди, како што се:  наградата на Министерството за просвета и култура за композицијата „Ленка“, во 1967 година ја добива Октомвриската награда на РМ за животно дело, а во 1969 со Хорот „Кочо Рацин“ ја освојува првата награда на 13-ти Интернационален фестивал на хорови во Горица, Италија, додека пак две години пред неговата смрт во 1977 ја добива наградата АВНОЈ за музика.

    Оркестрацијата за операта „Кузман Капидан“ ја завршува 1978, а во 1979  Трајко Прокопиев, умира во Белград.