Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Концерти во изведба на хорот „Света Злата Мегленска“ ќе бидат одржани во четврток во храмовите „Свети Ѓорѓија“ во Старо Нагоричане и „Свети Никола“ во Куманово, во чест на празникот Голема Богородица.
„Првиот настан е во 19 часот, пред црковниот храм „Свети Ѓорѓија“ во Старо Нагоричане, кој нема да може да стаса да биде во Старо Нагоричане во 20.30 часот ќе може честувањето на христијанскиот празник Голема Богородица да го проследи со хорот пред црквата „Свети Никола“ во Куманово. Ќе бидат поставени столчиња и ќе се внимава на мерките за заштита“, рече Нино Величковски, директорот на Фондацијата за култура и спорт.
Концертот се организира под покровителство на градоначалникот, Советот на Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт на Општина Куманово.