Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Министерството за образование и наука во тек е Конкурс за акредитација на здруженија на наставници кои ќе организираат натпревари на ученици од основните и средни училишта.
Наставните предмети за кои ќе се акредитира организатор на натпреварите, како и потребната документација за аплицирање се наведени во конкурсите објавени на интернет страницата www.mon.gov.mk. Пријавата за акредитација и потребните документи се доставуваат до писарницата на Министерство за образование и наука најдоцна до 6 март 2015 година.
Право на учество имаат Сојузите на здруженија на наставници и здруженијата на наставници кои се регистрирани како здруженија најмалку три години до денот кога поднесуваат пријава за организирање на натпреварите.
За организирање на натпреварите се акредитира по едно здружение на наставници или Сојуз на здруженија по одделен наставен предмет за период од три години почнувајќи од 2015 година.