Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во тек е конкурсот за откуп на фотографии со мотиви од главниот град.
Конкурсот ќе трае во наредните три месеци, а го распиша град Скопје. Право на учество имаат сите заинтересирани правни и физички лица. Фотографиите треба да бидат со различни мотиви од Скопје. Испратените фотографии треба да се изработени во дигитален ТИФ формат, со висока резолуција и подготвени за печатење. Тие не треба да бидат постари од една година и не треба да се претходно објавувани или да биле пријавени за учество на други конкурси.
Повеќе информации заинтересираните можат да најдат на веб сајтот на град Скопје.