Kонститутивната седница на општинскиот совет
Советот на Општина Куманово утре ќе ја оддржи конститутивната седница на Советот на Општина Куманово.

На дневниот ред е избор на претседател и членови на Верификациона комисија за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Куманово.
Потоа ќе следи верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Куманово, извештај на верификациона комисија, предлог - одлука за верификација на мандатите на членови на Советот на Општина Куманово.
Советниците ќе дадат и потпишат свечена изјава.
Ќе се бира претседател и членови на Комисија за мандатни прашања, избори и именувања, а потоа ќе има избор на претседател на Советот на Општина Куманово.
Конститутивната седница почнува во 12 часот.
(фото архива)