×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Коронакризата го намали бројот на склучени бракови во Куманово

    01.09.2020 09:11 | KumanovoNews

     Пандемијата со коронавирусот го намали склучувањето на браковите во Куманово.

    Коронакризата го намали бројот на склучени бракови во Куманово

    Според извештаите на Државниот завод за статистика, претходната година во првото и второто тримесечје од годината биле склучени вкупно 302 брака, односно 117 во првото тримесечје, а 185 во второто. Оваа половина од годината во Општина Куманово биле склучени 124 брака, односно 43 во првите три месеци и 81 во месеците април, мај и јуни, што во однос на претходната година бројот е намален и за повеќе од половина.

    Забраната којашто беше воведена, од Владата, за организирање на поголеми прослави, свадби и крштевки, поради состојбата со коронавирусот сe` уште трае, а паровите кои се одлучуваат да стапат во брак се регистираат во матичната служба, а оваа свеченост ја прославуваат само со најтесното семејство. Како една од главните причини за намален број на склучени бракови паровите ја наведуваат коронакризата, којашто драстично влијае и на нивната економска стабилност.

    А пак од друга страна, бројот на разведени бракови во првата половина од 2019 година е поголем во споредба со истиот период од оваа година. Во првите шест месеци во 2019 година била забележани 19 разводи, а во 2020 се регистирани 8 разводи.

    Сепак, според податоците на Центарот за социјални работи во Куманово за време на месеците март, април и мај претходната година, биле регистрирани вкупно 18 постапки или во просек од еден до два случаи неделно, додека пак годинава за време на овие три месеци биле регистирани 24 бракоразводни постапки, во просек од две до три неделно. Што значи дека во наредниот период може и да се зголеми бројот на разведени бракови.

    (Ф.Марковска)