Мени

Корпа.мк почна со работа во Куманово – бесплатна достава и попусти за првите корисници

04.05.2026 15:55 | KumanovoNews

Куманово доби нова платформа за онлајн нарачки и брза достава, откако Korpa.mk официјално почна со работа и во градот.

Корпа.мк почна со работа во Куманово – бесплатна достава и попусти за првите корисници

Станува збор за сервис преку кој граѓаните ќе можат да нарачуваат храна, пијалаци и други производи до дома или на работното место, со најава дека испораката ќе се врши во рок од 20 до 30 минути.

По развојот на платформата во Скопје, а потоа и проширувањето во Тетово и Охрид, Korpa сега влегува и на кумановскиот пазар. Компанијата соработува со стотици партнери низ државата, а во понудата се вклучени ресторани, аптеки, тобако-продавници, козметика, пијалаци и други категории на производи. Во наредниот период се најавува и проширување со супермаркет услуга.

„Сакаме да им понудиме на граѓаните едноставен, брз и сигурен начин за нарачка, а воедно да им помогнеме и на локалните бизниси полесно да стигнат до своите потрошувачи. Куманово е важен чекор во тој процес и веруваме дека услугата брзо ќе стане дел од секојдневието на корисниците“, велат од тимот на Korpa.

По повод стартот во Куманово, во првиот месец е обезбедена бесплатна достава за сите нарачки над 300 денари. Дополнително, активна е и промотивната програма „Покани пријател“, преку која секој корисник што ќе донесе нов член на платформата добива 200 денари Korpa кредит, додека новиот корисник добива 200 денари попуст на својата прва нарачка.

Апликацијата Korpa.mk е достапна за Android и iOS корисници, а плаќањето може да се изврши онлајн со платежна картичка или во готово при достава.

(ПР текст)