×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Костовски ги претстави членовите на извршниот одбор

    17.09.2013 11:43 | KumanovoNews

     Претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски денеска на прес - конференција ги претстави членовите на извршниот одбор.

    Костовски ги претстави членовите на извршниот одбор

    Минатиот четврток предлог - листата за состав на Извршниот одбор доби едногласна поддршка од делегатите.

    До мене се чесни луѓе, директори, банкари, економисти, но нивната професија не е толку важна колку што е важен еланот и желбата да се спротивстават на актуелните неправди во општеството. Континуитет и младост е она што му е потребно на СДСМ Куманово во овој момент. Младоста и искуството, енергијата и силата, револтот кон неправдата, прогресивноста и енергијата, демократизацијата при одлучувањето, еднаквоста, солидарноста кон секој граѓанин се одлика на овој тим. Овој тим нема да дозволи никој да го поколеба, туку со дигнати глави и верба во рационални политики ќе работи и ќе дејствува - изјави Костовски.

    Во највисокото тело на општинската организација влегуваат: Зоран Колевски (44), од Клечовце  вработен во ЈП“Водовод“, Оливер Илиевски (34) од населба Перо Чичо, вработен во Шпаркасе банка како директор , Марко Живковиќ (25) , вработен во Општина Куманово, Томица Илиќ (28), доктор по ветеринарна медицина, волонтер во Ветеринарна станица, Марјан Спасовски (35), дипломиран правник вработен во ЈП“Чистота и зеленило“, д - р Александар Тушевски (31), доктор по општа медицина вработен во здравствена установа “Д - р Ѓоше“, Бојана Ивановска (27), дипломиран професор по англиски јазик вработена во СОУ“Перо Наков“. Во Извршниот одбор членуваат и : Милена Митковска (27), вработена во градинка “Ангел Шајче“ како музички педагог, Соња Тодоровска (36), професор по македонски јазик, вработена во Гимназија “Гоце Делчев“, Даниел Стојчевски (24) дипломиран правник, моментално невработен, Стојанче Величковиќ (46), вработен во МВР како инспектор , Иван Николовски (30) , вработен во “Арс - инженеринг“, Видан Алексиќ (40), машински инженер вработен во “Куманово - гас“, д - р Бранислав Ивановски (51), лекар по општа медицина  сопственик на амбуланта,  д - р Александра Андоновска (36), гинеколог - акушер вработена во Градска болница во Куманово, Светлана Николиќ (56), вработена во градинка “Ангел Шајче“, Бисера Благојевиќ (29), вработена во Општина Куманово во сектор за односи со јавност, Фросина Стојановска (32) од населба Карпош, професор по македонски јазик вработена во СОУ “Киро Бурназ“.

    Томица Илиќ е назначен за секретар на општинската организација на СДСМ, Бисера Благојевиќ е задолжена за комуникација со медиуми, Стојанче Величковиќ ќе води кампања, Марјан Спасовски за аналитика,а програмата на огранокот Видан Алексиќ.