×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Костовски: Јанкулоска договарала поткуп на гласачи во Куманово

    02.04.2015 14:25 | KumanovoNews

    СДСМ денеска на прес-конференија објави шест телефонски разговори, во кои наводно, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, договара поткуп на гласачите од помалите етнички заедници во Куманово на последните локални избори.

    Костовски: Јанкулоска договарала поткуп на гласачи во Куманово

    Во „бомбата“ министерката, според СДСМ, разговара со генералниот секретар на партијата, Кирил Божиновски за соработка со Српската напредна странка, а од министерот за здравство, Никола Тодоров,  побарала пари за партијата на Драгиша Милетиќ.

    Јанкулоска од позиција на министерка за внатрешни работи, потврдува дека се ветени големи суми пари во кеш, 75.000, за партијата на Драгиша Милетиќ. Лично Јанкулоска ургира кај Тодоров и кај генералниот секретар на Владата и на партијата, Кирил Божиновски да се достават овие пари што побрзо. Божиновски потврдува дека тој дал пари во кеш, и тоа внимавајте не 75, туку 225.000 за како што вели, помалите етнички заедници. Ќе слушнете како Јанкулоска признава дека се прават „бандитски работи“ - изјави Мартин Костовски, претседател на СДСМ Куманово на денешната прес-конференција.

    Според Костовски, вицепремиерот Владимир Пешевски, наводно, барал возилата на СДСМ да се испраќаат на технички преглед на денот на изборите, а секретарот на ГРОМ Виктор Цветковски се договара со министерката да одработува за ВМРО-ДПМНЕ.