Краделе предмети од меѓународен товарен воз, фатени на дело
05.05.2022 22:32
| Сузана Николиќ
Две лица се приведени откако биле фатени додека се обидувале да извршат кражба на железничкиот граничен премин „Табановце“.

„Синоќа во 22.40 часот полициски службеници од Полициската станица „Сопот“ ги лишиле од слобода Е.Ш.(34) од село Романовце, кумановско и Р.И. (47) од село Псача, општина Ранковце. Тие биле затекнати при обид да одземат предмети од меѓународен товарен воз. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава“, соопштува МВР.