Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Чедомир Краљевски е сменет од функцијата претседател на Антимонополската управа.
Тој ќе остане член, но нема да биде на досегашната функција. Иако беше најавено дека сам се повлекува од комисијата, тој за Вест изјавил:
Не се повлекувам сам. Прашајте ги оние кои ме разрешија од кои причини мислат дека не треба да бидам претседател туку само член.
Краљевски и уште неколку директори се првите функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои заминуваат од нивните позиции, по најавата за кадровските чистки наречени „Новиот бран„.