×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Криминална група од Лојане шверцувала мигранти

    17.06.2013 10:28 | KumanovoNews

     Во рамки на акцијата “Коридор“ упасени се жители на Лојане кои во рамки на криминална група превезувале мигранти од Грција, преку Македонија во Србија.

    Криминална група од Лојане шверцувала мигранти

    Организатори на криминалната група се С.Б. (52), А.И. (36) А.И. (30) сите од с. Лојане - кумановско, В.Д. (32) од Богданци и О.А. (30) од Судан. Тие во соработка со непозанто лице кое престојува во Грција од лани успеале да прокриумчарат 250 државјани од африканските и арапските земји. Организаторите биле дел од меѓународна група за превезување на мигранти. Од 120 до 200 евра мигрантите плаќале за превоз од Гевгелија до кумановскиот регион каде се сместувале, а потоа за сума од 300 евра ги пренесувале во Србија.

    Дел од парите ги земале во кеш, а дел ги префрлале на сметка на организаторите кои незаконски се стекнале со имотна корист.