Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Kумановец заработи кривична пријава под сомнение дека извршил кривично дело „бесправно градење“.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Ш.(59) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”, соопштува МВР.
Пријавениот, во текот на првата половина од 2021 извршил надградба на постојна градба на станбен објект за индивидуално домување во негова сопственост, со вкупна површина од 107м², за што не поседувал одобрение за градење издадено од надлежен орган.