×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична пријава за инспектор од Куманово и двајца извозници на јагоди од Скопје

    10.10.2019 12:46 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против  Ш.А.(56) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и две лица од Скопје М.Ф.(31) и Ш.Ф.(54) од општина Сарај, под сомнение за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“.

    Кривична пријава за инспектор од Куманово и двајца извозници на јагоди од Скопје

    M.Ф., во март 2019 година набавил 20.838 килограми јагоди спакувани во 3.532 колети, со непознато потекло и со сомнителен квалитет, за кои не постои никаков документ за нивната набавка. Тој, заедно со Ш.Ф., ја подготвиле целокупната документација за извоз на набавените јагоди. Ш.Ф. по овластување од М.Ф истиот ден, изготвил лажна изјава дека јагодите ги откупил од наши земјоделци и дека се со потекло од Р.С. Македонија и ја приложил кон Пријавата за добивање на Фитосанитарен сертификат за извоз на пратки .

    Ваквата документација пријавените ја приложиле кај Ш.А., вработен во Државен инспекторат за земјоделство - Фитосанитарна инспекција, како фитосанитарен инспектор на ГП Табановце, кој на 02.04.2019 година ги злоупотребил службената положба и овластување на начин што со некомплетна документација, прифаќајќи ја само лажната изјава изготвена и доставена од М.Ф и Ш.Ф, изготвил, потпишал и заверил Фитосанитарен серификат, со кој одобрил извоз на јагоди во Р.Србија со непознато потекло и неутврден кавалитет.