×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење во службата

    25.02.2022 14:10 | Сузана Николиќ

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Х.А. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик и против Д.А. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

    Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење во службата

    „Првопријавениот Х.А., вработен во Отсекот за управни работи Куманово,  во декември 2021 примил и одобрил барање за издавање возачка дозвола и притоа во предвиденото поле не внел три пркршочни санкции „забрана за управување со моторно возило“, во вкупно траење од 18 месеци, кои претходно му биле изречени на подносителот.

    Второпријавениот Д.А., вработен во Отсекот за управни работи Куманово, со пропуштање на должен надзор несовесно постапил во вршење на своите овластувања и должности. На две лица од Куманово им овозможил да извршуваат работни задачи во Отсекот за управни работи Куманово по истекот на решенито кое го имале, а кое не било продолжено“, соопшти МВР.

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги професионални стандарди поведе и иницијативи за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против двајцата вработени.