Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.Ш.(40) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело обид за убиство.
Минатиот месец околу 21 часот во „Ретро кафе“ во Куманово, започнал расправија со А.М.(29) од Куманово, а потоа надвор од кафетеријата пријавениот го нападнал оштетениот со нож нанесувајќи му убодна рана во вратот и расекотина на грбот, по што избегал. А.М. бил пренесен во Општа болница Куманово, каде му се констатирани телесни повреди.