×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична за поранешен директор на училиште, вработил наставник со средно образование

    22.11.2019 09:47 | KumanovoNews

    СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.Р.(62) и М.Ш.(55), двајцата од с.Матејче и против Т.Е.(37) од с.Ропаљце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

    Кривична за поранешен директор на училиште, вработил наставник со средно образование

    Џ.Р.,поранешен в.д директор на ОСУ „Култура“ од с. Матејче, распишал оглас во 2015 година за пополнување на работно место наставник во подрачно училиште во состав на ОСУ „Култура“, при што вработил лице кое имало завршено средно образование, на штета на А.Р.М., која ги исполнувала бараните услови.

    Притоа, тој во периодот од 01.09.2015 изготвил Договор за вработување на определено време со висина на плата од 19.800 денари месечно, кој бил продолжуван до 31.08.2018 година. По истекување на овој договор, М.Ш., директор на ООУ „Култура“ во с.Матејче, продолжил со изготвување нови договори, почнувајќи од 01.09.2018 до 31.05.2019 за работа во ООУ „Култура“ с. Матејче – подрачно ОУ „5 Октомври“- с.Никуштак, кое е нов правен субјект и нема надлежности за склучување на договори за вработување.

    Т.Е., в.д директор на ООУ „5-ти Октомври“ - с.Никуштак, премолчувајќи го фактот дека неговиот вработен како наставник по одделенска настава бил со несоодветно образование, му дозволил да работи во училиштето, а договорите за вработување на определено време да ги изготвува М.Ш, како директор на друг правен субјект.