Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Е.К.(48) и Ф.М.(32) двајцата од Куманово поради злоупотреба на безвизен режим со државите членки на ЕУ и на Шенгенскиот договор.
Пријавените иако знаеле дека И.С.(24) и Е.М.(24) двајцата од Куманово ќе бараат азил во Р Германија на 01.јуни годинава, со патничко возило „Опел“ преку ГП Табановце првопријавениот ги превезол во Р Србија. Таму ги оставил на безнинската пумпа на автопат Бујановац, каде со друго патничко возило второпријавениот ги однел во Германија. Откако лицата се пријавиле во Прифатниот камп во Германија како баратели на азил барањето им било одбиено, а подоцна биле депортирани во Македонија.