Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Отсекот за економски криминал при СВР Куманово поднесе кривична пријава против 72-годишен кумановец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и против друго лице од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
„Пријавената согласно постапката за инспекциски надзор, наместо да донесе решение за отстранување на објект кој бил во фаза на изградба за која инвеститорот немал соодветна документација, таа го задолжила инвеститорот да достави извештај за технички преглед од надзорен инженер за поставување на фотонапонска електроцентрала, што е спротивно на Закон за изменување и дополнување на Законот за градење, кој предвидува поставување на фотонапонски електроцентрали на веќе изградени градби од Г2 категорија“, соопшти Кумановската полиција.