Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кон крајот на декември 2012 година полицијата во автомобилот на М.Ј.(37) од село Градец пронашла 83 килограми режан тутун за кои сопственикот немал платено акцизи.
Во близина на село Облавце на патот Куманово - Крива Паланка, полицијата го стопирала возилото “опел астра“ со бугарски регистарски таблички во кое се пронајдени 83 килограми режан тутун, за кои пријавениот одбегнал да плати акцизи во износ од 112.050 денари на штета на Буџетот на Република Македонија. М.Ј кривично ќе одговара по Законот за акцизи.