Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во штабот членуваат Дамјановски, Спасовски и Димитриевски, кои имаат задача да помогнат претпријатието да излезе од тешката финансиска криза
Градоначалникот Зоран Дамјановски, пратеникот Оливер Спасовски и претседавачот на Советот Максим Димитриевски, се членови на кризниот штаб што е формиран во ЈП “Водовод“. Тимот има задача да помогне претпријатието да се справи со тешката финасиска состојба во кој се наоѓа поради блокирана сметка.
Формиран е мини кризен штаб со кој секојдневно сме во контакт, а на секои 3 дена имаме брифинг. Ги користиме контактите на членовите за непречено функционирање на претпријатието. Се вршат преговори за набавка на хемикалии за да не се прекине водоснабдувањето на градот. Се наоѓаме во исклучително тешка состојба поради блокадата и вработените останаа без картони за лекување, но се надевам дека со заеднички напори ќе излеземе од проблемите - објасни директорот, Горан Стојковски на денешната седница на Совет.
Сметката на ЈП „Водовод„ е блокирана од почетокот на месецот со судска одлука за долг од 6.7 милиони денари кон Водостопанство Кумановско-липковско поле. Директорот најави дека од следниот месец ги чека нова блокада за стар долг во висина од 40 милиони денари.