×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кризниот штаб ќе продолжи со работа на терен

    09.02.2015 13:43 | KumanovoNews

    Општинскиот кризен штаб денеска донесе неколку заклучоци за понатамошната работа на терен.

    Кризниот штаб ќе продолжи со работа на терен

    Ќе се работи на досега утврдените и новите критични точки, и од Дирекција за заштита и спасување општината ќе побара четири машини за интервенција. Општинскиот кризен штаб во соработка со Црвен Крст Куманово ќе ги информира граѓаните каде ќе има пунктови, каде ќе можат да донираат за загрозените  граѓани. Општината постојано ќе биде во контакт со месните заедници за потребите на населението. Центарот за јавно здравје ќе продолжи со проверка на водата во поплавените подрачја и ќе преземе соодветни мерки, а од Министерството за земјоделство и Агенција за храна очекуваат д излезат со препораки до населението.

    “Нашата работа вроди со плод, немаме поплавени места во општина Куманово, освен оние места каде што не сме имале можност и ингеренции да интервенираме. Одиме во период на пролетни дождови кога навистина може да дојде до пролетно излевање на реките. Во таа насока ќе продолжиме со дорасчистување и санирање на новите критични точки каде што имаше мали излевања“ - изјави Валентина Алексовска, секретар на општина Куманово.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски рече дека на одредени локации граѓаните не дозволуваат да се влезе во нивниот имот и да се работи и во иднина ќе се потрудат да го надминат тој проблем.

    “Ние направивме набавка на механизација во висина од 1.200.000 денари. Имаме уште една резерва донесена со одлука на Совет за итни и неодложни интервенции. Ние тие средства ќе ги упатиме во механизација, директно интервенција на речно корито. Тоа е наша обврска“ - вели градоначалникот.

    Од Центарот за управување со кризи ги пофалија граѓаните дека биле ажурни, се јавувале навреме на 195 со што се спречени поголеми штети.

    Мостри од вода се земени од повеќе села каде имаше поплави, и на мештаните им се препорачува водата да ја превриваат  пред употреба.

    “Во село Клечовце бактериолошки водата задоволува и може да се пие, но само со превривање затоа што не се врши хлорирање. Истото важи и за селата Јачинце, Довезенце и Студена Бара, а за село Пчиња резултатите не ни се готови. Ќе земеме примероци за анализа и во Којнаре и Табановце. Добиени се таблетки со хлор и флаери кои ќе треба да ги дистрибуираме“ - кажа Мимоза Величковски од Центарот за јавно здравје Куманово.

    Од Општинската комисија за проценка на штети рекоа дека штом времето ќе се подобри, ќе излезат на терен и ќе направат проценка на штетите настанати од последните излевања.