×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кризниот штаб во Куманово бара двојно да се зголемат ковид тестирањата

    10.11.2020 15:45 | KumanovoNews

    Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово побара од Министерството за здравство да обезбеди поголем број термини за тестирање од ковид-19, за да можат матичните лекари да закажуваат повеќе бесплатни тестирања.

    Кризниот штаб во Куманово бара двојно да се зголемат ковид тестирањата

    „Поради зголемен број на заболени лица од коронавирус како и немање на термини за тестирање, бараме од Министерство за здравство барем двојно да се зголеми бројот на термини за тестирање преку ‘Мој термин’ за Општина Куманово“, велат од Кризниот штаб.

    Матичните лекари веќе подолго време се жалат дека поради ограничениот број со денови не можат да закажат термин, па пациентите се принудени да чекаат или одат во приватни лаборатории.

    „Зафатени се сите термини до крајот на оваа неделата. Во просек се чека од 5 до 7 дена ако ве фати викенд, а со тоа се губи целта на тестирањето. Пациентите ги праќаме и во соседните градови Скопје, Велес, Штип, Тетово, секаде каде што има слободно места“, вели матичен лекар од Куманово.

    Тој додава дека барањето на Кризниот штаб е издржано, а ако нема простор да се зголеми бројот на дневни тестирања тогаш е неопходно да размисли за можноста за промена на протоколот за лекување и следење, и пациентите да се изолираат без тестирање за да не го разнесуваат вирусот.

    Во Центарот за јавно здравје во Куманово, дневно на „Мој термин“ се тестираат 33 пациенти, а уште на толку им се прави епидемиолошка анкета. Покрај Куманово, тука се тестираат и жителите на Липково и Старо Нагоричане.