×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кршел во кафеана и се расправал со полицајци

    23.12.2021 21:17 | KumanovoNews

    Жител на кумановско село е приведен, бидејќи агресивно се однесувал кон полициски службеници и оштетил инвентар во угостителски објект во Куманово, соопшти денеска полицијата.

    Кршел во кафеана и се расправал со полицајци

    „Вчера во 14.24 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Д. (49) од село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, затоа што оштетил инвентар во угостителски објект на улица „Доне Божинов" во Куманово и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од полицијата.

    Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.