Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во основното училиште “Крсте Мисирков“ денеска беше организирана приредба по повод Недела на детето која трае од 5 до 11 октомври.
По тој повод училиштето неколку дена ќе организира работилници, хуманитарни акции и други активности.
Децата денеска ќе бидат запознаени со нивните права, а воедно и со нивните должности. Денеска стануваат и членови на Детска организација и ги имаат истите права и должности како и сите деца од светот - вели Драгица Денковска, одговорна за приредбата.
Приредбата ја проследија првачињата и повозрасните ученици, наставници, родители и други гости.