×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Кружниот тек „Серава“ ќе има две ленти и капацитет да ги прими сите возила, тврди Општината

    08.06.2022 14:27 | Сузана Николиќ

    Кружниот тек кој се гради на раскрсницата на улиците „Трета МУБ“ и „Гоце Делчев“, ќе има две коловозни ленти кои ќе бидат доволни за непречено движење на сите возила, вклучувајќи и автобуси и тешки товарни возила, тврдат од Општина Куманово, како одговор на нашите прашања дали новото сообраќајно решение е издржано и ќе има ли капацитет да воведе ред во сообраќајот, поради големата фреквенција на возила на овие улици.

    Кружниот тек „Серава“ ќе има две ленти и капацитет да ги прими сите возила, тврди Општината

    Одговор од надлежните побаравме откако во јавноста се појавија лавина од негативни реакции за оправданоста, функционалноста и квалитетот на кружниот тек. Најголема дилема кај граѓаните предизвика прашањето како ќе се одвива сообраќајот од улицата „Гоце Делчев“ кон улицата „Бајрам Шабани“ и дали овој правец ќе остане функционален и со новото решение.  

    „Улицата „Бајрам Шабани“ нема да биде отсечена од кружниот тек. Возилата кои одат од правец на булеварот „Трета МУБ“ ќе се исклучуваат десно кон улицата „Бајрам Шабани“ без да влегуваат во кружен тек. Додека возилата кои ќе влезат во кружниот тек ќе се исклучат десно на излезната лента кон улицата „Бајрам Шабани“. На потегот од кружниот тек кон ул. „Бајрам Шабани“ има две коловозни ленти, една влезна и едната излезна“, објаснуваат од Општината.

    Граѓаните се скептични дека новото сообраќајно решение ќе даде резултати, бидејќи се гради на мал простор.

    „Обично кружните текови се со повеќе коловозните ленти и зафаќаат поголема површина. Не е логично да нема застој ако возила од 6 коловозни ленти треба да влезат во две. Веројатно ќе има гужва и застој, но ајде да почекаме да видиме дали грешиме“, вели една кумановка.

    Изградбата на кружниот тек започна на почетокот на мај и треба да се заврши за 45 дена. Проектот го изработи ЈП „Куманово - план“ Куманово и чини околу 230 илјади евра.

    „Одделението за јавни набавки има спроведно постапка за Изградба на кружен тек на ул. „III МУБ“ и ул. „Гоце Делчев“ и има склучено договор со економскиот оператор ДПГТУ „КООП ИНЖЕНЕРИНГ“ ДОО Куманово на износ 14.132.001,00 денари со вклучен ДДВ“, велат од Општината.

    Надзорен орган е економскиот оператор ДПГТУ „КАРАПАНЧЕВСКИ КОМПАНИ“ увоз-извоз ДООЕЛ Скопје

    Прашањето за оправданоста на кружниот тек се наметна во јавноста, откако на социјалните мрежи се појавија слики со големи гужви на улиците, поради неговата изградба. Tоа ги натера граѓаните да се запрашаат дали можеби ваквиот метеж ќе остане и откако ќе биде завршен,  бидејќи се гради на ограничен простор и по веќе воспоставени сообраќајни решенија.

    (Фото.Фејсбук)

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk