Крводарителска акција во чест на Александар Ковачевски
28.04.2014 08:10
| KumanovoNews
Здружението на армиски и полициски ветерани утре организира крводарителска акција во сеќавање на нивниот член Александар Ковачевски.
Крводарителската акција ќе се оддржи од 11 до 14 часот во просториите на клубот “Христијан Т. Карпош“ и по тој повод се повикуваат сите граѓани и нивни членови да се вклучат.
Оваа крводарителска акција се организира втора година по ред од семејството и во соработка со Црвен Крст, и во иднина ќе стане традиционална.