Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членовите и симпатизери на СДСМ денеска масовно се одзваа на деветата, редовна крводарителска акција што по повод 2 август се организираше во просториите на партијата.
Само еден час од почнувањето на акцијата беа соберени над 20 единици крв, а до 17 часот се очекува бројката да биде близу 100.
Овие крвподарителски акции со нетрпение се очекуваат, како повод за добро дружење и покажување на хуманоста на нашето членство.Секоја година два пати традиционално организираме, за 2 август и на Светскиот ден на крводарителите 16 март. Овој пат има голем одзив и на повидок е уште една крвопдарителска акција.Традицијата ќе продолжи, како што гледате меѓу искусните крводарители имаме и подмалдок-рече претседателката на општинската организација Снежана Захариева.
Оваа година, кум на крводарителската акција е Зоран Прокиќ.