КУД “Карпош“ ќе настапи во Мајданпек
19.06.2013 10:02
| KumanovoNews
Културно уметничкото друштво “Карпош“ во понеделник ќе настапи во населбата Тополница, близу српскиот град Мајданпек.

Ќе се претставиме со два сплета. “Малешевка“ оди во натпреварувачкиот дел и уште еден сплет имаме во ревијалниот дел. Првпат одиме таму и сакаме да се покажеме во најдобро светло. Тие не виделе лани во Бољевац каде што настапивме и земавме гран при и не поканија - вели Слаѓана Стафановска, секретар во КУД “Карпош“.
На фестивалот во Тополница ќе учествуваат 11 ансамбли од кои повеќето се од Србија.