Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Културно уметничкото друштво “Карпош“ заедно со играорците од “Лукавица“ од Босна и Херцеговина утре ќе настапат пред кумановската публика. Ова е нивна втора средба, а кумановци за првпат се домаќини.
Kонцертот ќе се одржи на платото пред Центарот за култута со почеток во 20 часот, а во сабота во салата „Панко Брашнаров„ во населба Карпош двете друштва ќе настапат заедно со културно - уметничко друштво од Крива Паланка. Почетокот е закажан за 19.30 часот.
КУД “Карпош“ постои две години, се финансира самостојно и може да се пофали со бројни настапи надвор од границите на Македонија.