Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Играорци од културно-уметничкото друштво “Карпош“ викендов настапиле во Јагодина, Република Србија.
Пред тамошната публика, кумановските играорци одржале два концерта и извеле пет кореографии.
- Презадоволни сме од дружењето, од пречекот и амбиентот. Остваривме нови контакти, бидејќи учествуваа шест културно - уметнички друштва. Постојано сме во контакт со фолклорниот ансамбал од Јагодина, и напролет најверојнатно тие ќе гостуваат кај нас - вели Стефче Стефановски, претседател на КУД“Карпош“.
Ова културно - уметничко друштво годинава има реализирано осум настапи, дел во земјава, а дел во странство.