КУД “Карпош“ се подготвува за jубилеј
18.02.2013 11:20
| KumanovoNews
Културно-уметничкото друштво “Карпош“ во населба Карпош во мај ќе прослави 3 години постоење, и по тој повод интензивно се подготвуваат за прославата.

Проби има три пати неделно по два часа. Подготвуваме ора, а планираме да поканиме и гости од градот и Србија. Пред три години почнавме со 18 деца, а сега имаме над 80 млади членови. Другата постава е иста, само подмладокот се зголемува - вели Стојче Стефановски, претседател на КУД “Карпош“.
Тој објаснува дека по прослава на јубилејот ги очекува гостување во Босна каде ќе го презентираат македонскиот фолклор.