×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци купуваат нови станови на атрактивни локации

    29.06.2012 09:55 | KumanovoNews

     Становите лоцирани на булеварите “Октомвриска револуција„ и „Трета МУБ„ важат за најпосакувани.

    Кумановци купуваат нови станови на атрактивни локации

    Цените на становите во Куманово се движат од 550 до 750 евра по квадрат. Цената зависи од локацијата и од фазата на изградба. Најскапи се становите во центарот на градот, а се што е на периферија е поефтино. Од агенцијата за недвижности “Премиумлукс“ велат дека клиентите претежно се заинтересирани за купување на нови станови.

     Пред две години становите беа нешто поевтини. Ние работиме од 2007 година. За споредба тогаш на улица “Октомвриска револуција„ чинеше 520 до 560 евра по квадрат, а сега е од 580 до 700 евра. Сепак крајната цена може да се намали, зависно колку инвеститорот може да попушти. Се случува промотивната цена да биде пониска во нови станбени згради. Ако е на поткровје станот нормално ќе биде поевтин. За стари станови цената се дефинира по договор - вели Виктор Величковски, директор на “Премиумлукс“.  

     Инвеститори од “Мастер-Хаус“ велат дека цената зависи од локацијата, од катноста на зградата, од опременоста и од начинот на плаќање. Не практикуваат некои посебни попусти, ниту промотивни акции.

     Се зависи од трошоците, колку сме вложиле во градбата, инвестиции во инфраструктура. Тоа е комерцијална работа. Ако плати веднаш ќе има бенефит, може максимум до 8% да се намали цената. Локацијата е многу важна за купувачите - објаснува Раде Алексовски, од “Арс инженеринг“.

     Алексовски додава дека најбарани се станови од 64 метри квадратни, а некои посебни промотивни акции во периодов не планираат да понудат.