Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одгледувачи и љубители на расни кучиња, викендов ќе присуствуваат на две меѓународни изложби во Маврови Анови.
Се работи за изложби кои привлекуваат внимание и се посетени од луѓе од повеќе земји.
“Наш член има пријавено за учество куче шарпланинец. Секоја година изложбите ги посетуваат голем број посетители од многу земји, и тоа претежно од соседството. Овие изложби се одржуваат околу празникот Петровден, и оваа година се падна една недела по празникот, односно по Галичката свадба“-рече Владимир Крстевски, член на управен одбор на кинолошко друштво “Тумбак“ од Куманово.
Паралелно во недела во Маврови Анови ќе се одбежат Денови на овчарството, при што ќе има изложба на овци, кози, коњи, стрижење на овци и слично.