Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановци за претстојниот христијански празник Велигден, ќе патуваат во Србија, Грција, Бугарија, како и во европските метрополи.
Дестинации за кои има најголем интерес и уплатени аранжмани се Солун, Халкидики, Пиерија, Боровец, Велинград, Соко бања, Врњачка бања и Копаоник.
Повеќето одат во Грција, Бугарија, Србија бидејќи таму на нашите патници им нудат велигденски ручек, и тоа прави да се чувствуваат убаво за време на празникот. Аранжманите се по 3-4 дена и повеќе. Цените се од 100 евра па нагоре зависно од далечина, тип на пансион, каков тип на услуга бараат, каков хотел и која дестинација е - изјави Мери Миновска, сопственик на туристичка агенција „Мерион Травел“.
Агенцијата има понуди со автобуски превоз за Загреб, Виена, Венеција, Дворци на Баварија, Париз, Прага, Милано, Будимпешта, Берлин, Азурен брег, Метеори, а авионски превоз има за Барселона, Милано, Израел, Амстердам, Истанбул, Копенхаген, Дубаи.
„Мерион Травел“ ќе ги најдете на улица “Ленинова“ бр.30, или можете да ги контактирате на телефонскиот број 031 419 146.